Времето денес: Ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер кој долж Повардарието кој краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната од 26 до 34 степени. УВ-индексот 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата од 16 до 31 степен.

УХМР соопшти дека следува период на претежно сончево време со постепен пораст на температурата. Повисоки дневни температури ќе има од средината на работната недела кога и облачноста краткотрајно ќе се зголемува, а особено топло ќе биде на југоистокот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.