Времето денес: Ќе биде сончево со мала облачност

43

Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. УВ=9

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 степени, а дневната температура од 25 до 36 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. УВ=9

Утринската температура ќе достигне до 16 степени, а дневната температура до 34 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса следува период на претежно сончево време со пораст на температурата. Особено топло ќе биде од четврток до средината на наредната недела, кога на места максималните температури ќе достигнат 41 степен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.