ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Променливо облачно со слаб дожд

Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за слаб дожд во североисточните делови.

Попладне облачноста ќе се намалува ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Во вторник ќе биде сончево со умерена облачност. Во западните делови ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, додека пак во среда сончево со мала до умерена облачност и ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.