Времето денеска сончево, но многу студено,

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и многу студено со сончеви периоди, и со услови за провејување на снег. Ќе дува умерен северен ветер.

Температурата ќе се движи од минус пет до минус 14 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и многу студено со сончеви периоди, и со услови за провејување на снег. Ќе дува умерен северен ветер.

Температурата до минус осум степени. 

Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно и многу студено време со услови за провејување на локален слаб снег.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.