ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Сончево со умерена облачност

Сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер поизразен вдолж Повардарието, вакво време најавуваат за денеска метеоролозите.

Температурата ќе се движи од 15 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер.

Температурата ќе достигне до 24 степени.

Потоа следува период на променливо и нестабилно време, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Во недела ќе се врати повремено силниот западен ветер и ќе биде и нестабилно на повеќе места, особено на северот и истокот од земјава. Пооблачно и ветровито со северен ветер ќе биде и во понеделник и вторник, кога под влијание на нов влажен бран врнежи од дожд се очекуваат во поголемиот дел од земјава. Позначително но не и подолготрајно спуштање на температурата се очекува од среда