Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, од среда температурата во пораст

Времето до крајот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 26 степени.

Времето во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб северен ветер, температура до 21 степен.

Утре времето ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, особено попладне во јужните делови. Променливо облачно и свежо ќе биде и во вторник, а во наредните денови температурата на воздухот ќе биде во пораст.