Времето облачно, на дел од патиштата можни одрони

Во Македонија ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и со слаб до умерен северозападен ветер. На југоисток ветерот краткотрајно ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од минус шест до еден, а дневната од четири до 12 степени. Во Скопје претпладне со мала до умерена облачност, а попладне претежно сончево. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по местимично влажни коловози на повисоките и суви коловози на пониските места.

Слаб снег провејува на Попова Шапка.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани –  Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

ПУНКТ Т(°C) ПУНКТ Т(°C) ПУНКТ Т(°C)
К.Паланка   0 Струга  -2 Кочани  0
Страцин    +1 Ресен  -4 Делчево -1
Куманово   0 Крушево  / Смојмирово -2
Маџари +1 Кичево  -4 Струмица -2
Тетово  -3 М.Брод   / Велес +1
П.Шапка  -5 Буково  -3 Неготино +2
Гостивар  -2 Ѓавато  -5 Д.Капија +1
Стража  -4 Плетвар  -3 Удово  -2
Маврово     -4 Пресека  -6 Гевгелија +2
Дебар  / Железнец  -8 Кула   0
Битола  -4 Штип   0 Петровец +2
Прилеп     -3 Сарамзалино +2
Охрид  -2 Павлешенци   0

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.