Времето топло, попладне дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови на повеќе места ќе има појава на пороен дожд со грмежи, особено во северните и во источните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 25 до 31 степен.

Нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде и во почетокот на следната недела, особено поинтензивни процеси се очекуваат во понеделник кои повеќе ќе бидат застапени во источните делови од земјата каде што ќе има наместа и пообилни врнежи.

Од среда времето ќе биде стабилно и топло со значителен пораст на дневната температура.