Врховен ја потврди пресудата за ,,Рекет”, Јанева и Боки 13 остануваат во затвор

Врховниот суд ја потврди пресудата за случајот “Рекет”, односно Катица Јанева и Бојан Јовановски остануваат зад решетки за да ја издржат затворската казна.

-Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 1 јуни 2022 година постапуваше по предметот КВПКОК2бр.19/21, познат во јавноста под името „Рекет“, оформен по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда поднесени од осудените Бојан Јовановски и Катица Јанева и одлучи барањата да ги одбие, информираат од Врховниот суд.

Екс специјалната обвинителка Катица Јанева беше осудена на 7 години затвор, а Бојан Јовановски-Боки 13 на 9 годишна затворска казна.