Врховниот суд ја отфрли тужбата на Трамп за Пенсилванија

Врховниот суд на САД ја отфрли последната тужба на тимот на Доналд Трамп во врска со законитоста на изборниот процес во Пенсилванија.

Како што објавија американските медиуми, Судот без коментар одбил да го доведе во прашање изборниот процес во оваа сојузна фржава.

Републиканците тврдат дека гласањето по електронска пошта во Пенсилванија било незаконско и дека се потребни уставни измени за да се спроведе во рамки на правото.

Гувернерот на Пенсилванија, Том Волф, веќе ја призна победата на Бајден, а 20-те државни електори треба да се состанат на 14 декември за да го дадат својот глас за Бајден.

Бајден освои 306 електорски гласови, така што тој би имал повеќе од потребниот минимум од  270, дури и доколку резултатите во Пенсилванија се доведоа во прашање.

Бајден победи со повеќе од 80.000 гласови разлика во оваа сојузна држава, каде Трамп го освои мнозинството гласови во 2016 година.