Врховниот суд ги одби жалбите на осудените за „Тенк“ – Груевски, Јанкулоска и Поповски

Врховниот суд денеска ја информираше јавноста дека вчера има одлуки според кои се одбиени жалбите поднесени од страна на осудените во предметот „Тенк“ – Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски. Судот ја потврди правосилната пресуда за предметот донесена од Апелација.

Ѓоко Поповски беше осуден на 6 години и 6 месеци затвор, а тој веќе ја одржува својата казна.

Врховен ја потврди и 2-годишната затворска казна за Никола Груевски за набавка на луксузниот мерцедес, додека Гордана Јанкулоска е осудена со 4-годишна затворска казна.