Врховниот суд на САД ја отфрли тужбата од Тексас за поништување на изборните резултати во четири држави

Врховниот суд на САД ја отфрли тужбата поднесена од Тексас и поддржана од претседателот Доналд Трамп со која се бара поништување на изборните резултати во четири држави.

Со тужбата, поднесена до Врховниот суд, се бара на Џорџија, Мичиген, Пенсилванија и Висконсин да им се забрани да даваат изборни гласови на демократскиот противкандидат на Трамп, Џо Бајден.

Судот во кратка непотпишана наредба соопшти дека Тексас не покажал „правно препознатлив интерес за начинот на кој друга држава ги спроведува своите избори“.

ги оспорува изборните процедури во четири клучни држави – Џорџија, Мичиген, Пенсилванија и Висконсин.

тужбата се бара судот да им забрани на тие држави да гласаат за Бајден и да го пренесе изборот на гласачи во законодавните тела на тие држави.

Со тоа би се барало од судиите да одбијат милиони гласови, пишува „Њујорк тајмс“.