Врховниот суд на САД го укинува правото на абортус

Милиони жени низ САД ќе го изгубат правото на абортус откако Врховниот суд ја укина 49 години старата пресуда со која тој беше легализиран на национално ниво. Пресудата од случајот Роу против Вејд од 1973 година беше поништена неколку недели откако во јавноста протече судски документ во кој тоа беше најавено.

Новата пресуда ќе ги трансформира правата за абортус во САД, бидејќи секоја сојузна држава сега има свое право да го забрани или да воведе ограничувања. Тринаесет држави веќе ги активираа законите со кои абортусот автоматски станува незаконски, а се очекува и други наскоро да го направат тоа.

Севкупно, се очекува абортусот да стане илегален за околу 36 милиони жени во САД, односно во половина од сојузните држави.

Врховниот суд повторно ја разгледуваше пресудата од случајот Роу против Вејд на барање на Мисисипи, кое бараше нејзино поништување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.