Врнежи од град во Македонија, предизвикани мали штети

Краткотрајни врнежи од град денеска зафатија дел од селата во регионот на Пијанец. Според жителите направени се мали штети на градинарските производи во своите леи.

Дождот се спушти одеднаш и набрзина започна да врне град. Иако беше краткотрајно, невремето сепак успеа да оштети дел од најлонските леи што не успеавме навреме да ги покриеме, вели жител на Чифлик, кој додава дека за среќа градот бргу престанал и не направил штета на останатите градинарски производи.

Освен во Чифлик, врнежи од град се забележани и на повисоките места во селата Драмче, Селник и Острец.

Во Делчево и околината дождот успеа да наполни неколку подруми во градот Делчево.