Хрватскиот репрезентативец, Шиме Врсаљко следната сезона ќе игра во „Интер“ откако „Атлетико“ Мадрид се согласи да го позајми за сума од 6,5 милиони евра со можност по една година Италијаните да го откупат договорот за 17,5 милиони евра.
Иако тренерот на „Атлетико“, Диего Симеоне рече дека би сакале да го задржат Врсаљко, очигледно дека понудата на „Интер“ е примамлива. Хрватот веќе има искуство од играње во Серија А, откако во 2013 од „Динамо“ премина во „Џенова“, па во „Сасуоло“, од каде во 2016 година премина во „Атлетико“ за 18 милиони евра, со кого има договор до 2021 година.
Според „Марка“, мадриѓаните веќе нашле замена за Хрватот, Сантиаго Ариас од „ПСВ“.
Колумбиецот настапи за репрезентацијата на Мундијалот во Русија, а има одиграно 45 натпревари за националниот дрес.
Не е познато за која цена би се реализирал трансферот, иако според Transfermarkt.de, неговата вредност се проценува на 18 милиони евра.