Вселенската Патријаршија ќе го решава проблемот на МПЦ

914

Вселенската Патријаршија ќе го решава проблемот на Македонската православна црква, официјално соопштија денеска од Константинопол, од каде информира дека Светиот и Свештен Синод го разгледале прашањето со нерешениот канонски статус на Охридската Архиепископија.

Во соопштението се наведува дека Патријаршијата го примила и писмото на премиерот Зоран Заев, во кое се бара помош и поткрепа за решавање на прашањето со нашата помесна православна Црква.
Соопштението завршува со заклучокот дека „Светиот и Свештен Синод на Вселенската Патријаршија одлучи да се заземе за ова и да ги преземе потребните чекори, според неприкосновените права на историските и канонски надлежности и привилегии на првопрестолната Вселенска Патријаршија“.

И МПЦ-ОА испратила писмо до Вселенската патријаршија преку кое побарала преименување во „Охридска и на Јустинијана Прима архиепископија“, објави недоамна грчкото црковно гласило „Ромфеа“.
Портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј потврди дека било испратено такво писмо, но како што рече, преку писмото било побарано да се додели автокефален статус и ништо повеќе.

Според него, Грците многу тешко ќе нè признаат под името МПЦ, но ние сме возобновувачи на ОА во лице на МПЦ, па ако ни ја признаат ОА, тоа ќе значи дека имаме 1000-годишна историја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.