Втор американски воен брод во Црното море

Во Црното море ќе пристигне втор американски воен брод, објави романскиот претседател Трајан Басеску за време на посетата на американскиот носач на ракети „Доналд Кук“, што во моментов се наоѓа во романското пристаниште Констанца.

Басеску не го прецизирал името на воениот брод и неговата мисија во Црното море. „Доналд Кук“, што е опремен со систем за противракетна одбрана „Аегис“, се наоѓа во водите на Црното море од 10-ти април.

Освен тоа во Црното море се наоѓа и францускиот разузнавачки брод „Дупуис де лом“ и спасувачкиот „Ализе“. Во понеделник во Црното море треба да пристигне и француската ракетна фрегата „Дуплекс“. Сите ќе земат учество во воена вежба заедно со романски бродови.