Втор ден од насилните протести во Бејрут, армијата негира дека пукала врз демонстрантите

Полицијата во либанската престолнина во неделата со солзавец се обидуваше да ги растера демонстрантие недалеку од зградата на парламентот во Бејрут кои повторно ги гаѓаа со камења, втор дена на антивладините протсто по разорната експолизија во пристаништето во вторникот, а либанската армија ги демантираше информациите дека наводно нејзини припадници отвориле оган.

На приодот од Плошатот на парламентот избува пожар додека демонстрантите се обидуваа да се пробијат во заградената област, пренесуваат либанските медиуми. Демонстрантите денеска успеаја да влезат во зградите на министерството за домување и сообраќај, откако во саботата влегоа во неколку други министерства и во филијали на либанските банки од каде изнесуваат и уништуваа документи.

Во експлиозијата на 4-ти август на 2.700 тони амониум нитрат скалдирани уште пред шест години во бејрутското пристаниште, загинаа најмалку 158 лица, 60-ина се водат како исчезнати, а повредени се повеќе од 6.000 луѓе од кои 120 се во критична состојба. Уништена е пристанишната и другата градска инфраструктура, важните и најголеми силоси за жито во Либан, опустошени се цели градски квартови а над 300.000 луѓе останаа без домови.

Трагедијата ја прелеа чашата на народното незадоволство кое започна уште минатата есен со протестите против корупцијата на политичката елита и економскиот крах на земјата и повторно ги поттикна повиците за промена на власта, па дури и со востание.

Доцна ноќта во неделата ситуација во центарот на Бејрут се смирува, пренесуваат медиумите, по неколкуте бранови жестоки судири меѓи полицијата и демонстрантите. Групи демонтранти се концентрираат на Плоштадот на мачениците во близината на малиот камп од шатори каде во текот на денот била дистрибуирана хуманитарната помош за погодените од експлозијата. Демонстрантите во моментов се блокирани од двете страни со кордони добро опремени специјални полициски сили и армиски патроли.

Во меѓувреме либанската армија соопшти дека не било употребено огнено оружје против демонстрантите.Во текстот на изјавата на командата на вооружените сили се наведува дека „Не е точна информацијата ширена преку социјалните мрежи со фотографија на којашто полковникот Жан Гантус како стрела кон демонстрантие, е началник на службата за безбедност во либанскиот град Баабда“. „Армијата не пукаше од огнено оружје врз цивилите во центарот на Бејрут“ се истакнува во соопштението.

 

Вакуум во власта

„Во неделата нема многу настрадани, само две лица во близина на џамојата Мухамед ал-Амин се однесни во болница, на другите помошта им беше пружена на самото место“, изјавила за агенцијата ТАСС студентка која се претставила како Јара.

„Ние не криеме дека очекуваме оставка од владата, коај јво неделата веќе ја напуштија тројца министри: за информации, за економија и за екологија. Сметам дека тоа ќе се случи многу скоро, подобро е тие (министрите) самите да си заминат, во спротивно пратеници во четврток ќе им изгласаат недоверба“, се надиврзал друг демонстрант кој се претставил како Аднан.

Агенцијата Reuters го цитира демонстрантот Валид Џамал, невработен кој го критикува моќното шиитско движње Хезболах (Божја партија).

„Им дадовем на овие лидери толку многу можности да ни помогнат, а тие секогаш нѐ изневеруваат. Сакаме да заминат, особено Хезболах, бидејќи тоа е милиција и само ги заплашува луѓето со своето оружје“, рекол демонстрантот.

Меѓутоа, либанскиот универзитетски професор Хусеин Хамид смета дека заминувањето на технократскиот владин кабинет ќе создаде вакуум на власта во Либан на подолг период.

„Во ситуација кога на настраданите луѓе итно им е потребна помош, а економијата се распаѓа, на земјата ѝ е неопходна влада, затоа што формирањето нов кабинет може да трае многи долго, како што Либан веќе се случуваше повеќепати“, истканува професорот Хамид.

Еден од истакнатите лидери на опозицијата, претседателот на партијата Либански сили, Самир Џааџа, смета дека „владата на техноркатите, е веќе свртена страница на историјата.

„Сега се стремиме да ги убедиме поголемиот дел од законодавците да се откажат од своите пратенички овластувања и на тој начин да се издејствуваат предвремени парламентарни избори“, вели Џааџа. Тој исто така инсистира на независна меѓународна истрага за експлозијата во бејрутското пристанише.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.