Втор ден од подготовките на нашата репрезентација во Букурешт (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Македонија веќе е во Букурешт, каде го чека своето деби на Европското првенство и средбата со Австрија.

Игор Ангеловски со своите помошници непречено ги извршуваат подготовките за долгоочекуваниот континентален собир, а денес нашата селекција на прекрасната „Национална Арена“, го одработи својот втор тренинг од пристигнувањето во главниот град на Романија.