Втор ден по ред речиси 2.000 починати од коронавирусот во САД

САД втор ден по ред бележат речи две илјади смртни случаи како последица од заразување со новиот тип коронавирус, објави ноќта кон четвртокот референтниот Институт при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ од сојузната држава Мериленд, кој ги сумира податоците ко и пристигнуваат од федералните и локалните власти.

Ова е втор најлош ден според бројот на смртните случаи од почетокот на епидемијата во САД. По средата, кога од коронавирусот починаа 1.973 лица, што е повеќе од ден претходно кога беа забележани 1.939 смртни случаи, вкупниот број починати од Covid-19 се зголеми на 14.695 луѓе.

Со тоа САД ја надминаа според бројот на смртните случаи Шпанија, којашто бележи 14.555, но сѐ уште пред нив е ИТалија со вкупно 17.699 мртви.

Соединетите држави сега бројат повеќе од четвртина со севкупниот број зарази во светот, односно вкупмо 429.050 случаи, според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.

Од средината на минатата седмица САД днево бележат повеќе од илјада новозаболени, и покрај мерките за карантин кои се воведуваат по сојузните држави. Државата Њујорк е главното жариште на епидемијата, со 6.268 смртни случаи од коронавирусот.

Властите минатата седмица предупредија дека во САД од Covid-19 би можеле да умрат меѓу 100.000 и 240.000 луѓе, но во средата според моделот за процена изработен од Универзитетот во Вашингтон се чини дека таа бројка ќе биде помала за 24 отсто од првично прогнозираната, или би се движела малку над 60.000 починати.

Во светот досега се заразени 1,46 милиони луѓе, а најмалку 86.289 се починати во 192 земји и територии откако прват се појави во Кина кон крајот на декември минатата година.