Втор ден протест на оризопроизводителите во кочанско, власта со месеци не мрднува со прст

Втор ден протест во Кочанско поради доцнењето на сеидбата на оризот поради неисчистените канали по кои треба да поминува водата за наводнување на оризовите полиња.

Земјоделците се жалат дека денеска е 10 мај, а до петти мај тие требало да завршат со сеењето.

Тоа е проблемот кај нас во Чешиново-Облешево, сега па е изразито драстичен проблем, до 10ти мај да не се пушти вода да се сеат оризовите полиња, ние до петти мај требаше да посееме и после ќе се надеваме ќе гледаме нагоре Господ дали ќе ни биде наклонет и дали ќе има слана или ќе нема, дали ќе има род или нема да има.