Втор ден се трага по 37-годишна жена од пехчевско

Жителите на пехчевско Панчарево втор ден трагаат по 37-годишна жена со здравствени проблеми. Лицето (В.С) 37, за исчезната е пријавена од страна на нејзин сосед.

– На 21.03.2021 во 11 часот во Полициска станица Берово, Б.Т. (81) од село Панчарево, пријавил дека од домот се оддалечила неговата сосетка В.С. (37) која била со здравствени проблеми, информираат од полицијата.

Оттааму додадоа дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.