Втор круг на претседателските избори во Словачка: Мртва трка на Корчок и Пелегрини

Иван Корчок, прикажуван како прозападен словачки дипломат и поранешен министер за надворешни работи, се надева дека на бранот на победата во првиот круг ќе успее во вториот круг од претседателските избори во Словачка во сабота, победувајќи го кандидатот на владејачката партија, Петер Пелегрини.

Педесет идеветгодишниот Корчок извојува изненадувачка победа во првиот круг против 48-годишниот Пелегрини пред две седмици, ветувајќи дека ќе биде противтежа на владата на Роберт Фицо, која зезеде став за поблиска соработка со Русија и ја откажува помошта за Украина на сметка на осиромашувањето на словачките граѓани и започна реформи кои во Брисел се критикувани како наводно слабеење на владеењето на правото.

Завршпните испитувања на јавното мнение покажаа мртва трка.

Анкетата на агенцијата NMS за веб-страницата www.sme.sk во средата покажа дека Корчок води со 51,7 отсто наспроти 48,3 отсто за Пелегрини, додека анкетата на агенцијата Focus за TV Markiza во вторник покажа дека Пелегрини води со 50,8 отсто пред Корчок со 49,2 отсто.

„Во сабота ќе одлучиме дали ќе имаме рамнотежа на силите или ќе дозволиме владиниот кампус да ја преземе и последната уставна должност“, рече Корчок во видео клипот во средата.

Словачките претседатели немаат голема извршна моќ, но можат да стават вето на законите или да ги оспорат пред Уставниот суд.

Тие назначуваат судии во Уставниот суд, кој би можел да стане важен во претстојните битки околу реформите во кривичното право на Фицо кои според критичарите наводно драматично ќе ги ублажат казните за корупција. Претседателите, како и шефицата на државата во заминување Зузана Чапутова, која не се кандидираше за втор петгодишен мандат, исто така ја претставуваат земјата на различни форуми во странство.

Пелегрини ја поддржа промената на Фицо кон она што тој го нарекува „суверена“ надворешна политика, што значи дека Словачка останува членка на Европската унија и НАТО, но оди по својот пат во односите со Русија и другите земји во светот. Пелегрини рече дека промовира мир давајќи им приоритет на преговорите во соседна Украина пред воената помош. Украина и нејзините сојузници велат дека тоа само ќе ѝи даде на Русија предност на бојното поле.

Независниот Корчок беше претставник на Словачка во ЕУ, а подоцна и амбасадор во Соединетите држави, пред да ја преземе функцијата министер за надворешни работи во владите на десниот центар во 2021-2022 година. Во тоа време, Словачка беше верен сојузник на Украина, обезбедувајќи ѝ противвоздушна одбрана и борбени авиони. Владата на Фицо го прекина ова откако ја презеде власта, јасно укажувајќи дека воените резерви на словачката армија се исцрпени, а земјата осиромашена во периодот на таканаречената „прозападна“ влада нема средства за набавка на нова скапа опрема.