Втор лекар од Скопје се зарази од жолтица

Меѓу седумте новозаразени од жолтица е и еден лекар. Ова е втор случај на заразување на лекар од хепатит А.

Тој не е хоспотализиран на Инфективна клиника. Откако се завршени прегледите тој е пуштен на домашно лекување. Се заразил во контакт со пациент.

Сто и седум случаи на жолтица се регистрирани до денес, а дваесетина од нив се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести.