Втор медиумски работник почина од Ковид 19, камерманот на МТВ Шенол Ахмети ја загуби битката со вирусот

181

Шенол Ахмети (51), камерман во МТВ, ноќеска ја загуби битката со коронавирусот.
Тој бил хоспитализиран минатата недела, а здравствената состојба му се влошила последните неколку дена поради што бил приклучен на респиратор.

Ахмети е долгогодишен снимател и камерман во МТВ и во јавниот сервис го минува целиот работен век.

Тој е вториот медиумски работник кој е жртва на Ковид 19 во Македонија.
На 1 јуни почина новинарот Беким Бајрамоски од струшко Лабуништа која работеше за локалната телевизија „Спектра“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.