Втор меѓународен здравствен самит утре во Скопје

Вториот здравствен Самит со меѓународно учество утре ќе се одржи во Скопје.

На самиот ќе учествува и директорката на Фондот за здравствено осигурување во Македонија, Маја Парнарџиева – Змејкова, која ќе има презентација за пристапите во распределување на средствата во македонскиот здравствен систем.

Овој Самит е во организација на меѓународниот проект Хелтгрупер во соработка со Фондот за здравствено  осигурување на македонија, Министерството за здравство, Светската здравствена организација за Европа,  Македонското Лекарско Друштво, Здружението на лекари Албанци од Македонија.