Втор пораз на Клиперс, прва победа на Далас и одличен старт на Чикаго во новата сезона во НБА

31

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс ноќта кон неделата претпреал пораз на домашен терен од Мемфис Гризлист кои еа подобри со 120:114 и ја впишаа втората победа, а првпат сезинава се радуваа во Далас Маверикс кои славеа на гости кај Торонто Рапторс со 103:95.

Џа Морант ги предводеше Гризлис со 28 коша и 8 асистенции, Де“Ентони Мелтон додаде 22 коша и 7 скокови, а Џејрен Џексот 21 поен и 7 скокови за победат. Кај Клиперс најдобар беше Пол Џорџ со 41 кош, 10 скокови и 4 асистенции.

Иако Клиперс водеа во прата и во втората четвртина, Мемфис во тредата го надомести заостанувањето и го презема водството кое ниеднаш не го испушти до крајот на мечот.

Тимот на Далас Маверикс дојдоа до првата победа и тоа на гостувањето кај Торонто Рапторс со 103:95, иако лошо го отвори натпреварот и по првите 12 минути имаше негатива од седум поени.

Лука Дончич со 27 поени, 9 скока и 12 асистенции, Тим Хардавеј џуниор додаде 25 поени, а Кристапс Порзингис 18 коша и 10 скокови.

Кај Торонто, за кои ова е вториот пораз во три натпревара, ОЏеј Ануноби постигна 23 поени, Фред Ванвлит 20 а Скоти Барнс 17 коша.

Прва победа запиша и тимот на Кливленд Кавалирс кој на свој паркет им го нанесе првиот пораз на Атланта Хоукс со резултат 101:95.

Рики Рубио беше најефикасен во тимот на Кливленд со 23 поени, шест скока и осум асистенции. Еван Мобли постигна 17 поени со 11 скока, а по 12 имаа Кевин Лав, Лаури Марканен и Колин Секстон.

Чикаго Булс имаат одличен почеток на сезоната, првпат по пет години соодносот меѓу победите и поразите е 3-0 откако синоќа со 97:82 ги надиграа Детроит Пистонс.

Булс ги ограничија Пистонс на само 15 поени во втората четвртина а потоа на само 11 во третата делница, создавајќи предност која противнико не можеше да ја стаса,

Шест играчи на Булс имаа двоцифрено остварувања, а ги предводеше ДеМаер ДеРозан со 21 кош, Никола Вучевиќ додаде 15 коша и дури 19 скокови, додека Лонзо Бол впиша 13 скокови. Треј Лалјз беше најефикасен кај Пистонс со 20 коша.

Највозбудливо беше во Индијана, каде што Пејсерс по продолжението 102:91 го скрши отпорот на Мајами Хитс, Минесота Тимберволвс со 96:86 ги надиграа Њу Орлеанс Пеликанс, а Сан Антонио Спарс дома загубија од Милвоки Бака со 111:121, додека Портланд Трејл Блејзерс со високи 134:105 ги поразија Феникс Санс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.