Втор пораз на кошаркарите на претквалификациите за СП

(Фото: gol.mk)

Само неколку дена по поразот од Косово во Приштина, македонската кошаркарска репрезентација доживеа уште една бламажа, но овој пат на домашен терен откако во арената „Борис Трајковски“ беше поразена со 76:80 од слекцијата на Естонија во вториот претквалификациски натпревар за Светското провенство.

Македонските кошаркари одлично го отворија натпреварот во сигурно најдобрите десет минути коишто ги одигра селекцијата во сегашниот состав. Предводник беше Војдан Стојановски, кој во првата четвртина постигна дури 13 поени, којашто заврши со уверливо водство од 29:17. Меѓутоа, во продолжението и по водството на македонската селекција од 31:19, Естонија по неколку грешки во серија и откако кај гостите профункционира ударот од дистанца, набрзина се истопи предноста, па и мина во водство од 40:43 со тројката на Кангур. На одмор така Естонците заминаа со поен предност 42:43.

Очекувано беше дека селекција од рангот на Естонија не може да продолжи да погодува во ист ритам, а Македонија заигра подобро во одбраната и повторно го презеде водството, но при резултат 49:45 за Македонија следеше уште една во серијата досудени неспортски лични грешки . Но набрзо при резултат 51:50 судиите го израмнија критериумот, па досудија намерна лична грешка и на Пасоја, за стартот во рекетот врз Чековски.

Војдан Стојановски остана и натаму единствениот во македонскиот тим расположен за игра, но Естонија во меѓувреме погоди две тројки и повторно поведе со 55:56. Продолжи и неефикасноста од линијата за слободните фрлања, па откако Чековски промаши четири „пенали“ во серија (13/25 на Македонија по три четвртини), во последните десет минути се влезе со предност на гостите од 61:63.

Естонците на почетокот од последната четвртина направија серија и минаа во водство од 68:63 но Костовски со „тројка“ ја приближи Македонија на само кош негатива. Во чудниот судиски критериум на кој македонските кошаркари не успеаја да се прилагодат во текот на целиот меч, се надоврза техничката грешка за селекторот Јорданчо Давитков, при водство на Естонија од 66:70 по што гостите поведоа со 66:73. Влегувањето на Стајиќ донесе импулс во играта, тој украде топка и успешно положи што енергија, младиот бек украде топка и положи за 72:75, за веднаш потоа да изнуди уште една загубена топка од гостинските играчи.

Чековски беше еднаш прецизен од двете слободни фрлања, но следеше „тројка“ на Естонија, за потоа Тасовски да промаши чиста позиција, па и да направи лична грешка што судиите ја окарактеризираа како намерна. Сите дилеми околу победникот беа разрешени, па до крајот успеавме само да намалиме на четири поени разлика, за конечни 76:80.

Војдан Стојановски со 26 поени беше најефикасен во нашите редови, Џордан Теодор постигна тринаесет, но со слаб шут од поле (4/12), а Тасовски и Чековски беа стрелци на по девет поени.

Естонците на стартот од подледната четвртина се одлепија на 63-68, но Костоски со тројка ја приближи Македонија на „минус два“. Судиите наметнаа чуден критериум, па по неколкуте грешки следеше и техничка грешка за селекторот Давитков, при водство на Естонија од 66-70. Проблемите со неефикасноста продолжија, па откако гостите поведоа со 66-73 Давитков побара тајмаут во обид да ги консолидира редовите во националниот тим. Влегувањето на Стајиќ донесе енергија, младиот бек украде топка и положи за 72-75, за веднаш потоа да изнуди уште една загубена топка од гостинските играчи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.