Втор развод за една недела во кралското семејство

Внукот на Елизабета Втора објави дека таа и неговата сопруга решиле да се разведат. Дејвид Армстронг и неговата сопруга Серена се во брак повеќе од 25 години, пренесува Dailymail.

Двајцата се венчаа во октомври 1993 година и имаат две деца.

Портпаролот на парот изјави: „Ерл и грофицата на Сноуден се согласија на пријателски начин дека нивниот брак е готов и дека ќе се разведат. Тие бараат од печатот да ја почитува нивната приватност и онаа на нивното семејство“.

Веста дојде неколку дена откако внукот на кралицата, Питер Филип, исто така, објави дека ќе се разведе од својата сопруга по 12 години брак.