Втор силен земјотрес ги погоди Филипини, најмалку 16 загинати

122

Земјотрес со магнитуда од 6,2 според Рихетер ги погоди источните делови од Филипини во вторникот ден откако во силниот земјотрес загинаа најмалку 16 луѓе, соопштија локалните власти.

Епицентарот на новиот потрес е регистриран во Сан Хулиан во покраината Источен Самар, 571 километар југоисточно од главниот град Манила, соопшти филипинскиот Институт за вулканологија и сеозмологија. Американскиот геолошки завод (USGS), објави дека магнитудата на вториот потрес изнесувала 6,3 по Рихтеровата скала.

Засега нема извстување за штети и евентуални жртви во новиот потрес.

Во понеделникот земјотресот со магнитуда 6,1 го погоди северот на Филипини, вклучително и главниот град Манила, и предизвика уривање на куќи и прекин во снандувањето со електрична енергија.

Според медиумските извештаи, спасувачките екипи трагаат по знаци на живот под урнатините, откако во потресот во понеделникот смртно настрадаа најмалку 16 луѓе. Две лица се спасени во вторникот, а во текот на изминатата ноќ биле пронајдени живи седум луѓе под урнатините на супермаркет. Од таму биле извлечени и четири безживотни тела.

Според властите, во провинциите Пампанга и амбалес во централните делови од погодениот остров Лусон, повредено е 81 едно лице а уште 14 луѓе се сметаат за исчезнати.

Десетици пожарникари, војници и цивилни спасувачки тимови со тренирани куќиња водат трка со времето додека со помош на тешката опрема се обидуваат да подигнат бетонски грамади во областа на Порак, околу 110 километри северно од Манила каде што земјотресот тешко оштетил неколку згради.

Градоначалникот на Порак, Кондралито Дела Круз, изјави дека станува збор за најсилниот земјотрес кој кога и да е го погодил градот. „Не сме сигурни колку луѓе уште се затрупани под урнатините“, рекол за телевизиската станица ANC.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.