Втора година по ред Турција е најдарежлива земја во светот

Втора година по ред, Турција е најголемиот донатор во светот на хуманитарна помош, според новиот извештај, кој покажува дека земјата само минатата година потрошила 8,4 милијарди долари. Извештајот го подготви независна организација за меѓународен развој.

Земјата расходувала 8,4 милијарди долари за хуманитарна помош во 2018 година, додека трошоците за помош за 2017 година изнесувале 8,1 милијарди американски долари, се вели во извештајот за глобалната хуманитарна помош на Глобална иницијатива за развој (ДИ).

Во 2018 година, околу 29 отсто од целата меѓународна хуманитарна помош, или 28,9 милијарди американски долари, дошле од Турција, покажува извештајот. Помошта од други земји се намали на годишно ниво во 2018 година, вклучително и од САД (од 6,68 милијарди долари на 6,65 милијарди долари), Германија (од 2,98 милијарди долари на 2,96 милијарди долари) и Велика Британија (од 2,52 милијарди на 2,19 милијарди долари).

Расходите за хуманитарна помош во Турција се близу до 1,1 отсто од нејзиниот БДП во 2018 година, наспроти 1 отсто во 2017 година. САД обезбедуваат 0,032 отсто од својот БДП, Германија 0,074 отсто и Велика Британија 0,077 отсто. Турција беше рангирана на третото место во извештајот на ДИ во 2013, 2014 и 2015 година и на второ место во 2016 година.

Таа, исто така, е домаќин на најголем број бегалци во светот – четири милиони, покажуваат официјалните податоци. Бројот на сириски бегалци кои живеат во земјата е 3,66 милиони во септември.

Иако се бори за економски развој бидејќи се обидува да влезе во Лигата на развиените земји – обновена по долгогодишно економско лошо работење, Турција е решена да оддели повеќе за хуманитарна помош. За време на владите на Партијата за правда и развој, напорите за хуманитарна помош се зголемија и забрзаа, а агенциите за помош во земјата прераснаа во организации за помош при катастрофи и бегалци. Напорите на земјата ѝ овозможија да биде домаќин на Светскиот хуманитарен самит, прва ваква средба на ОН за координирање на хуманитарните напори.

Турската Црвена полумесечина, исто така, го разви својот профил во меѓународната заедница со зголемено присуство во напорите за хуманитарна помош. Добротворната организација е вклучена во напорите за помош – од поставување бегалски кампови до испорака на пакети со храна во зоните на конфликтот и регионите погодени од катастрофи низ целиот свет. Црвената полумесечина обезбеди хуманитарна помош за 23 милиони луѓе во 2018 година низ светот.

На глобално ниво, 1,8 милијарда луѓе живеат во сиромаштија и 697 милиони се соочуваат со екстремна сиромаштија – според податоците до минатата година, што е намалување од две милијарди и 753 милиони во 2017 година, се вели во извештајот. „Луѓето кои живеат во сиромаштија, според дефиницијата, се оние што живеат со помалку од 3,20 долари на ден; луѓето што живеат во екстремна сиромаштија – живеат со помалку од 1,90 долар на ден“, се вели во извештајот.

Во извештајот потенцира дека во 2018 година хуманитарната помош изнесувала 28,9 милијарди долари, додека во 2017 година била 28,6 милијарди американски долари, во 2016 година 26,5 милијарди долари, во 2015 година 25,2 милијарди американски долари и 22,2 милијарди американски долари во 2014 година. Околу 22,6 милијарди американски долари хуманитарна помош дојдоа од владите и институциите на ЕУ, а остатокот доаѓа од приватни донатори. Приватните донатори вклучуваат лица, фондови, фондации, компании и национални здруженија. Во извештајот се истакнува дека најголем дел од хуманитарната помош отишол во Сирија (2,35 милијарди долари), Јемен (1,9 милијарда долари), Јужен Судан (1,37 милијарда долари), Ирак (1,25 милијарда долари) и Сомалија (1,01 милијарда долари). Сирија е најголем примател на хуманитарна помош веќе шеста година по ред. Анкара честопати ги предупредуваше меѓународната заедница и земјите од регионот дека конфликтот во Сирија може да го обнови бегалскиот бран кон Запад, бидејќи раселените Сиријци имаат малку можности, освен онаа – да се засолнат во Турција.

Турција досега потроши скоро 40 милијарди американски долари за благосостојба на бегалците, при што доби само околу шест милијарди евра (6,6 милијарди долари) како поддршка од меѓународната заедница. Турција долго време ги критикуваше европските земји и меѓународната заедница за недостиг на поддршка во однос на прашањето за бегалците.

Мултилатералните организации префрлиле 14,7 милијарди американски долари помош, додека 9,7 милијарди американски долари минаа преку невладини организации и 2,2 милијарди американски долари преку меѓународните движења на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Во извештајот се вели: „Во 2018 година, 206,4 милиони луѓе беа квалификувани како сиромашни“. „Постојаните конфликти во Сирија, Јемен и Демократска Република Конго и понатаму предизвикуваат безброј страдања и придонесуваат за рекорден број луѓе принудени да живеат далеку од своите домови“, се додава во извештајот.

ДИ е независна меѓународна организација за развој што се фокусира на улогата на податоците во промовирањето на борбата против сиромаштијата и одржливиот развој.