Втора победа на Лион во Ле шампионат

Во средбата од петтото коло на франциското фудбалско првеснтво Лион со 3:1 го совлада Стразбур, оставрувајќи ја втората победа сезонава.

Головите за „Лавовите“ ги постигнаа Муса Дембеле во 8, Жесон Денеие во 64 и Лукас Пакета во 87 минута. Во седмата минута од судиското продолжение на мечот гостите го ублажија поразот прекуХабиб Диала од пенал.

Во претходно одиграниот дуел Бордо дома загуби од Ленс со 2:3 и сѐ уште нема ниедна победа сезонава. Гостите во првото полувреме водеа со 2:0, Бордо во продолжението успеа да израмни, но Ленс во шестата минута од судиското продолжение успеа да стаса до победата.

Стрелци за Ленс беа Гаел Какута во 39, Факундо Медина во 43 и од пенал во 90+6 минута Флориан Сотока, додека за Бордо погодина Риокардо Мангас во 60 и Жан Онана во 88 минута.

Без победа е и Сен-Етјен кој на гостувањето кај Мопнелје е поразен со 0:2. Победата на домашните им ја донесоа Стеф Мавидиди во 32 и Цалер Жермен во 62 минута.

Брест одигра на домашен терен 1:1 со Анже, а гостински победи со идентични резултати од 2:0 остварија Троа кај Мец, Ремс кај Рен и Ница кај Нант.

 

ТАБЕЛА:

1. ПСЖ 5 5 0 0 14-5 15
2. Анже 5 3 2 0 9 – 2 11
3. Ница 4 3 1 0 10-0 10
4. Марсеј 4 3 1 0 10-5 10
5. Клермон 5 2 2 1 9-9 8
6. Лион 5 2 2 1 8-8 8
7. Лориен 5 2 2 1 7-7 8
8. Ленс 5 2 3 0 10-7 9
9. Рен 5 1 2 2 3-6 5
10. Лил 5 1 2 2 7-11 5
11. Монпелје 5 2 1 2 11-9 7
12. Нант 5 1 1 3 3 5 4 4
13. Монако 5 1 1 3 3-7 4
14. Стразбур 5 1 1 3 7-11 4
15. Мец 5 0 3 2 6-10 3
16. Сен Етјен 5 0 3 2 5-9 3
17. Ремс 5 1 3 1 6-6 6
18. Брест 5 0 3 2 6-10 3
19. Бордо 5 0 2 3 5-12 2
20. Троа 5 1 1 3 5-7 4