Втора победа на Металург во Лигата на Шампионите

Металург оствари нова, втора победа во Лигата на шампиони. На синоќешниот меч избраниците на Червар го совладаа норвешкиот првак Елверум со 22:19.

Иако на полувремето резултатот беше 10:12, Металург сепак успеа на крај да дојде до втората победа во лигата на шампионите.

Одличната одбрана во текот на целиот меч, а особено во второто полувреме кога прими само седум голови и тоа беше клучна за натпреварот и победата.

Најефикасен меѓу избраниците на Червар беше Јанко Божовиќ со шест погодоци, од кои четири од пенал. Лука Мраковчиќ даде четири, а Марко Матиќ и Жарко Пешевски постигнаа по три погодоци. Дупјачанец го заврши мечот со 12 одбрани.

Кај Елверум прв стрелец беше Лука Митровиќ со пет гола, а забележителен на голот беше Нергард со фантастични 18 одбрани.

Во следниот натпревар од групата Д во Лигата на шампионите, Металург на 11 октомври во Данска му гостува на Скјерн.