Вториот бран би бил резултат на непочитување на мерките, смета Филипче

Евентуалното полошо сценарио со вирусот Ковид-19 наесен би значело поголема концентрација на луѓе во затворени простории, дополнителен број на заболени од сезонски грип што може да доведе до пренатрупување на болниците со пациенти и тоа да не може да се изменаџира. Ова сценарио, како што вчера нагласи министерот за здравство Венко Филипче, би можело да се избегне, но доколку тоа не се случи, здравствените власти ќе го дочекаат подготвени.

Вториот бран на вирусот, според Филипче, бил резултат на непочитувањето на мерките за заштита. Тој смета дека мора да има санкции таму каде не се почитуваат мерките. Изминатиот период, како што рече, имаше потфрлања, не се контролирале луѓето и местата каде се организирале настани. И граѓаните мора да се свесни дека мерките треба да се почитуваат за да го заштитат сопственото и јавното здравје.

За секој еден пациент со Ковид-19, Филипче тврди дека е направено се што треба и во однос на стадиумите пред поставувањето на респираторна машина, и во однос на третманот додека се пациентите на респираторна машина