Вториот бран од пандемијата ја потопил економијата во еврозоната

Актовностите во стопанството во еврозоната потонале во ноември одразувајќи ги тешките последици од мерките за справување со вториот бран од пандемијата на коронавирусот во секторот услуги, но особено охрабруваат вестите за скор почетокот на користењето на вакцината, извести во четвртокот лондонската аналитичка компанија Markit.

Индексот на деловните активности (Purchasing Managers’ Index или PMI) во приватниот сектор во еврозоната паднал во ноември за 5,7 поени во однос на октомври и изнесувал 45,3 поени, покажуваат конечните пресметки на лондонската компанија којашто се занимава со собирање и обработка на економските податоци.

Вредностите повисоки од 50 поени сигнализираат раст на активностите, а пониските нивен пад.

„Економијата во еврозоната повторно забележала пад во ноември, бидејќи владите ја засилија борбата против Covid-19, и деловните активности на компании повторно беа погодени од новите ограничуваа кои би требало да го сузбијат новиот бран од вирусните инфекции“, истакнува деловниот економист во Markit, Крис Вилијамсон.

Ограничувањата на мобилноста и социјалните контакти нужно довеле до намалувањето на обемот на новите активности, најголемото од мај, особено во секторите угостителство и туризам, истакнуваат од Markit.

Падот на активностите во стопанството во целина, сепак, бил помал отколку пролетта, во првиот бран од епидемијата и мерките за „затоврање“, напоменува Вилијамсон.

„За разлика од почетокот на годината, производството повторно пораснало, делумно поттикнато од закрепнувањето на извозната побарувачла, а и падот во секторот услуги бил значително поблаг отколи во текот на првата блокада“, вели Вилијамсон.

Двигател на растот на производствениот сектор била Германија, единстената земја опфатена со истражувањето коај во ноември забележала раст и на ниво на економијата во целина.

Деловните челници, сепак, забележително се пооптимистички расположени во прогнозите за следните 12 месеци, благодарејќи на вестит за потенцијалните вакцини против Covid-19.

„Охрабрува тоа што се подобрени очекувањата за растот, имајќи предвид дека развојот на вакцините влева оптимизам дека животот би можело да почне да се нормализиран во 2021 година“, заклучува Вилијамсон.