Вториот човек на ИТУ во посета на Македонија

Заменик генералниот секретар на Меѓународната телекомуникациска унија (ИТУ), Хоулин Жао денеска ќе престојува во посета на Македонија на покана на министер за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.

За време на средбата министерот Ивановски ќе го запознае гостинот со степенот на развој на информатичкото општество во земјата, проектите кои досега се преземени на тој план од страна на македонската влада, како и со активностите кои се предвидени за наредниот период.

Ивановски ќе побара поддршка од Жао за позитивен исход по апликацијата на нашата земја за вклучување во Советот на Интернационалната телекомуникациска унија, што ќе претставува голем чекор напред во креирањето на улогата на нашата земја на меѓународен план во ИКТ областа.

Инаку, Хоулин Жао во септември годинава се очекува да стане прв човек на Интернационалната телекомуникациска унија, со што неговото лобирање ќе биде од голема полза за Република Македонија.