Вториот прототип на кинескиот авион C919 на пробен лет

Вториот прототип на кинескиот патнички авион „С919“ полета на пробен лет во Шангај во неделата, извести државната телевизија за уште еден чекор на оваа земја која тежнее да го зазема своето место на глобалниот пазар на авиони.

Вкупно шест прототипови ќе изведат пробни летови, а во фокусот ќе биде тестирањето на моторите, се наведува во извештајот. Целта е да се изведе уште еден пробен лет подоцна во јануари, изјавил главниот инженер Ванг Веи. Според него ќе бидат изведени повеќе од илјада тестови.

Авионот кој е карактеристичен по тесниот труп треба да биде конкуренција на моделот „Boeing 737“ и на „Airbus A320“. Тој претставува симбол на амбициите на Кина во следните 20 години да влезе на глобалниот пазар на патнички авиони кој се проценува на два билиона американски долари.

Авионот „С919“ полета на својот прв лет на 5-ти мај по бројните одложуваа. Својот прв лет го изведе на 10-ти ноември во траење од 2 часа и 23 минути од Шангај до централниот кинески град Ксиан, при што прелета повеќе од 1.300 километри и достигна височина од 7.800 метри.

Произведувачот на авионот Commercial Aircraft Corp of China Ltd (COMAC) го нарече првиот лет пресвртница со којашто воздухопловот влегува во фазата на сертифицирање. Компанијата COMAC тежнее да добие сертификат за авионот од кинеските регулатори, како и од Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај. Авионот веќе има десет купувачи, кои најавиле подготвеност за купување на типот 785 или веќе испратиле нарачки, соопштија од COMAC.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.