Второ реми на ПСЖ со ред, порази на Марсеј и Лион

Откако ја отвори сезоната со 14 последователни победи, францускиот шампион за четири дена двапати ремиираше, по 2:2 кај Бордо, во 16-то коло од националното превенст во средата одигра 1:1 на гостувањето кај Стразбур.

Домашните поведоа во 40 минута со голот на Кени Лала од пенал, а гостите израмнија преку Единсон Кавани, исто така, од пенал во 71 минута.

Лион неочекувано дома беше поразен со 0:2 од Рен, во натпревар во кој домашните имаа ниа одлични шанси, но не успеака да го совладаат гостинскиот голман. Гостите поведоа во 41 минута со убавиот гол на Хатем бен Арфа, од работна на шеснаесетникот на асистенција на Исмаил Сар. Само две минути подоцна Сар го послужи и Жордан Сиебатшеу кој погоди за 2:0.

Пораз впиша и Олимпик Марсеј кој на гостувањето кај Нант загуби со 2:3. Гостите водеа со 1:0 и 2:1, но домашните беа упорни и на крајот дојдоа до трите бода. Головите за Нант ги постигнаа Сала во 30, Туре во 45+1 и Босшилиа во 63 минута, додека стрелци за Марсеј беа Сансон во 28 и Товен во 36 минута од пенал.

Бордо во одличен натпревар го победи Сен-Етјен со 3:2, а победничкиот гол домашните го постигнаа во судиското продолжение, а стрелец беше Пабло. Гостите поведоа во 16 минута преку Диони, израмни Брианд шест минути подоцна, а Бордо во водство го донесе Камано од пенал во 57 минута. Но ниту радоста на домашните не траеше долго, во 67 минута израми Казри, и кога се чинеше дека дуелот ќе заврши без победник, на сцената стапи Бразилецот Пбло

Интерсен меч одиграа и Каен и Нимс, кој го добија гостите, исто така, во продолжението. Нимс поведе преку Бозок во 18 минута, а домашните израмнија во 90 минута со голот на Ониангу, но сепак гостите во четвртата минута од судиското продолжение со голот на Ландре дојдоа до трите бода.

Дижон го победи последниот Гинган со головите на Жено во 14 и Хадади во 86 минута, а во меѓувреме за гостите во 79 минута израмни Коко.

Ремс загуби дома од Тулуз со 0:1, а стрелц беше Сила во 45 минута,

На табелата води ПСЖ со 44 бодови, Лил е втор со 30 бодови, Монпелје е трет со 29, а потоа селдат Лион со 28 и Марсеј со 26 бодови. Во борбата за опстанок се Каен, Монако и Амиен од 17-то до 19-то место со по 13 бодови, додека Гинган е на дното со само 8 бодови