Второлигаш го елиминираше Манчестер Јунајтед од ФА Купот

Англискиот фудбалски великан Манчестер Јунајтед изненадувачки е елиминиран од шестанесетфиналето од англискиот ФА Куп откако во петокот на ноќта беше поразен на пенали 8:9 (1:1) од второлигашот Мидлсборо.

Рекордерот по титулите во ФА Купот доживеа неочекуван дебакл во дуелот во кој беше голем фаворит, а пред почетокот на мечот им беше одадена почесто на жртвите во Минхенската трагедија од 1958 година, кој Манчестер Јунајтед во авионската несреќа загуби половина екипа. И ништо не навестуваше дека Јунајтед веројатно ќе ја загуби и последната шанса за освојување триумф годинава.

По регуларното време и продолжетоците беше 1:1, а Јунајтед имаше дури 30 удари од кои 9 во рамките на голот, „Црвените ѓаволи“ имаа вистински кошмар пред противничкиот гол. Кристијано Роналдо не реализираше пенал во 20 минута, а Џејдон Санчо пет минути подоцна го доведе Јунајтед во водство. Гостите, коишто моментално се седмопласирани во Чемпионшип, успеаја да израмнат преку Мет Крукс во 64 минута.

Во изведувањето на пеналите првите 15 стрелци беа успешни пред 19-годишниот Швеѓанец Антони Еланга шутираше над пречката на радост на 10-те илјади навивачи на Мидлсборо.