Второто и осмото крило во КПУ Идризово од понеделник надвор од функција

Второто и осмото крило во затворот „Идризово“ од понеделник ќе бидат ставени вон функција. Tоа го изјави директорот на Управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ. По веста дека вчера е избеган затвореник, осуден на доживотна затворска казна, Стојановиќ утринава соопшти дека затвореникот е најден на таванот во затворот.

МВР вчера соопшти дека албански државјанин А.Д., успеал ноќеска да се ослободи од ќелијата каде ја издржувал доживотната затворска казна за извршени разбојништво и убиство, но подоцна МВР го коригираше првичното соопштение.

Инаку, второто и осмото крило се едни од најкритичните во затворот „Идризово“. Второто крило е на првиот, а осмото на третиот кат.