Второто полугодие продолжува по истиот модел, порача Царовска

Она што е позитивен пример не треба да го менуваме и сметам дека второто полугодие ќе продолжи да се спроведува со комбинираниот модел и дека оваа учебна година ќе ја завршиме според успешно воспоставениот модел, рече министерката Мила Царовска во гостувањето на ТВ Клан.

– Во првото полугодие најголем предизвик беше како наставниците ќе се снајдат со онлајн наставата. Но овој предизвик е надминат и второто полугодие го продолжуваме по веќе воспоставениот хибриден модел: онлајн, со физичко присуство и со следење на часови преку телевизија – рече министерката Царовска.

Министерката истакна дека првото полугодие заврши успешно. Имавме над 90% ученици коишто успешно следеа онлајн настава, помалку од 1 % активни случаи  со ковид-19 на наставници и ученици од оние кое беа со физичко присуство, наставата течеше според планот, а оценувањето заврши успешно и навреме,  рече Царовска.