„Вујкото” од кланот Ндрагета од Албанија испорачан на Италија, фатен со 20 килограми кокаин

69

Албанскиот државјанин Бујар Сејдини, кој во криминалната италијанска организација Ндрагета е попознат под прекарот „џаџаи” (вујко), екстрадиран и е на  Италија, која го бара за трговија со дрога.

Сејдини, кој беше уапсен уште во јули во Тирана, вчера и беше предаден на италијанската полиција, а тамношните институции го сомничат дека бил инволвиран во шверц на кокаин и дека од Италија патувал за Шпанија за да купи 20 килограми дрога, пренесува порталот „Егзит”.

Неговата екстрадиција во Италија беше одобрена во октомври.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.