13 C
Skopje
недела, јуни 7, 2020

Вујовиќ го напушти ППД Загреб, се подготвува ли за враќање во РК Вардар ?

49

Веселин Вујовиќ не е повеќе тренер на ППД Загреб. Искусниот ракометен тренер и миленик на навивачите на РК Вардар од приватни причини одлучил да си замине од хрватскиот тим.

Ова го потврдија и од ППД Загреб и му посакаа многу среќа и успех во следните предизвици.

По последните промени во РК Вардар и враќањето на Михајло Михајловиќ, нема да биде изненадување ако на Вујовиќ му биде понудена шанса одново да седне на кормилото на црвено-црните каде што во моментов е Стевче Алушевски.

Вујовиќ најави дека има причини поради кои мора да биде во Србија но не ја исклучи опцијата и да се врати во Загреб.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.