Вујовиќ: Посакувам целата постава да биде од Македонци, а странците да гледаат

Новиот тренер на македонскиот ракометен шампион Вардар, Веселин Вујовиќ, во интервју за „Балкан хандбал“ зборуваше за составот и очекувањата за новата сезона.

Вујовиќ очекува Македонците да ги „гризат“ странците, односно да бидат на исто ниво.

Имав разговори со младите македонски играчи. Барав оваа лето да одат на боречки спортови. Пивотмените на борење или џудо, а бековите и крилата на бокс или кик бокс. Има неколку причини. Сите боречки спортови се во дијагонален став. Така е и со ракометот. Ќе добијат на цврстина, агресивност и храброст. Знаете како е со играчите, штом работат во теретана, веднаш малкуги гледаат бицепсите во огледало. Не сакам Македонците во Вардар да играат алиби улога и да сметаат дека се што ќе направат лошо, дека ќе го поправат странците. Сакам да ги ‘гризат’ странците, да ги скубат и да не им даваат да играат повеќе од нив. Посакувам целата постава да биде од Македонци, па нека странците само гледаат, ма колку и да се платени“, изјави легендарниот Вујовиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.