Вујовиќ: Секој треба да даде 100 проценти за да се верува во добар резултат

Вардар 1961 нема пораз по првите два меча во Лигата на шампионите. Третиот предизвик носи дуелот со Алборг.Македонскиот првак игра на домашен терен и пред своите навивачи, што може да одигра важна улога за конечниот исход на мечот, смета Веселин Вујовиќ.

„Сите ние во клубот сме оптимисти. За кратко време одигравме многу натпревари, поточно шест меча за 14-15 дена. Имаме уморна екипа. Не треба да трошиме многу зборови за Алборг. Минатата сезона таа беше изненадување за сите. Имам проект да биде најдобра екипа во Европа и игра според мене најубав ракомет. Нашите резултати се повик за навивачите. Можеше да се види дека трибините се важни за Вардар, кој со публиката има еден играч повеќе. Секој од нас треба да даде 100%, за да се верува во добар резултат. Играме дома, па веруваме дека можеме да го добиеме Алборг. Имаме низа без пораз на официјални натпревари, се надеваме дека тоа ќе продолжи.

Имаме добра атмосфера, играчи кои се подготвени за различни одбрани. Голем проблем би можел да биде тој замор. Алборг трча цели шеесет минути. Тие се озбилен состав, но и за нив Вардар е прв сериозен противник. Добро знае каква атмосфера го чека во Скопје“, изјави популарниот Вујо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.