Вујовиќ: Вардар секогаш игра добро против Пик Сегед, време е да прекинеме со порази!

Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ посакува неговиот тим на гостувањето во Унгарија кај Пик Сегед, да ја прекине серијата порази во Лигата на шампионите.

-Продолжува Лигата на шампионите. Здравствениот билтен во тимот е добар. Играме против Пик Сегед, познат противник, една од најдобрите екипи во Европа. Прво се среќаваме во Сегед, па по седум дена во Скопје. Ова му доаѓа како некој бараж. Вардар е подготвен. Мора да  ја прекинеме серијата порази, атоа може да го направиме ако играме храбро. По традиција на гостувањата кај Пик Сегед играме добро. Се надевм дека ќе биде така и овој пат.

Првиот натпревар „црвено-црните“ го играат во Унгарија во четврток, а вториот се игра во Скопје на 25 ноември.

По шест кола во  А-групата од елитното ракометно натпреварување, Вардар е на 6. место со пет бодови, Сегед е на 4. позиција со осум освоени бода.