Вучиќ: Ако Трамп победи на изборите, на Србија ќе и биде полесно

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјавил дека верува оти доколку сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп добие втор мандат, позицијата на Србија би била нешто полесна.

„Не верувам во големи промени во американската политика, но верувам во мали промени, што би било од големо значење за Србија“, изјавил Вучиќ во интервју за српските медиуми.

Тој додал дека не може да зборува за деталите затоа што тоа ќе ја влоши позицијата на Србија и затоа што ќе ги стави американските партнери во незавидна позиција.