Вучиќ: Да си помогнеме заеднички да ја преживееме зимата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во своето денешно обраќање на Отворен Балкан ги повика лидерите на земјите членки на Иницијативата, да формираат работни групи кои ќе се состанат во јужна Србија со цел да разговараат како со здружени сили полесно да ги надминат предизвиците од кризата со кои се соочува целиот регион. Вучиќ нагласи дека на тој состанок се добредојдени и претставници од другите земји од регионот.

„Да формираме работни групи веднаш, или на следната средба, за која предлагам да биде некаде во јужна Србија, пред големиот самит во Белград кон крајот на летото. Да формираме работни групи коишто ќе се погрижат околу тоа, како да ги надминеме тешкотиите со снабдувањето со храната и од областа на енергетиката, како и меѓусебно да си помогнеме да ја преживееме зимата. Доколку сакаат да учествуваат во формирањето на работните групи, во тие договори добредојдени се и претставници на Црна Гора, Босна и Херцеговина и Приштина“, рече Вучиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.