Вучиќ: Додека сум јас претседател, Србија нема да го признае Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ истакна во саботата дека во неговиот мандат Белград нема да ја признае еднострано прогласената независност на поранешната јужна покраина Косово и Метохија.

„До април 2022 година, кога ќе бидат оддржани претседателските и парламентарни избори во Србија, Белград сигурно нема да ја признае независноста на Косово“, истакна Вучиќ во специјалната емисија на Прва Тв, запрашан дали се исклучува можноста, Србија да го прифати Косово.

„По тој период, ќе одлучува народот“, порача тој.

Претседателот Вучиќ посочи дека мисли дека подобро прашање е „дали се согласувате со признавање или не“ и констатираше дека одгворот би бил или да или не.

„Подобро да зборуваме за тоа кој сѐ се залага за признавање или непризнавање на независноста на Косово. Тогаш одговорот би бил или да или не. До април 2022. година, кога ќе бидат изборите, тоа сигурно нема да се случи“, истакна Вучиќ.