Вучиќ: Договорено е да продолжи дијалогот со Приштина

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека на состанокот со специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак, ја изразил целосната посветеност на Белград за продолжување на дијалогот со Приштина, но исто така инсистирал на целосна имплементација на договорот од Брисел од 2013 година и формирање на Заедницата на српски општини. „Тоа е услов без кој не може да се очекува успешно продолжување на дијалогот“, рече претседателот на Србија на прес конференцијата по состанокот со Лајчак во Белград. Вучиќ најави дека делегациите од Белград ќе одат во Брисел да го продолжат дијалогот „и на техничко и на највисоко ниво“.

Тој оцени дека европската иднина е „многу важна“ за Србија, како заради поголемиот број инвестиции, така и заради вредностите за кои, како што рече, Србија се бори и се залага. Лајчак пак, рече дека се што е договорено во преговорите меѓу Србија и Косово мора да биде исполнето и дека на крајот на процесот не треба да останат отворени прашања вклучително и формирањето на Заедницата на српски општини.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.